Храната е дел од нашето секојдневие, секој
оброк ни е различен од претходниот. Еволуцијата на храната од ден во ден е се
поголема, нови рецепти, нови вкусови, ова оди до таму што храната почнува да
станува и бизарна, се јаде буквално се и сешто. Вкусовите кои нам ни се познати
се само мал дел од тајните што ги кријат познатите готвачи.
Речиси нема некој што останал рамнодушен на
мирисот на некој добро спремен оброк. Колку и да сме најадени секогаш имаме
простор барем малку да пробаме од тоа што ќе ни го понудат. Наш избор е кај ќе
одбереме да јадеме, дали тоа ќе биде некој отмен ресторан, некој фаст фуд
локал, по пат, кафана или било кое друго место, ќе се соочиме со голем избор на
вкусни оброци.
Секој си има омилено јадење и место кај што го
јаде истото, во нашиот град има еден куп вакви преубави локали кои може да ги
посетиме и да чуствуваме многу пријатно. Ќе се изненадиме од храната што ја
нудат, од разновидноста на кујната и послужувањето на истата. Во нашите локали
може да се најдат традиционални јадења кои се готвени со години по исти
рецепти, модерна кујна, имаме наменски ресторани доколку сакаме да вкусиме
нешто поинакво.
Како многу лесно спремлив и вкусен оброк кој
седојдневно може да го сретнеме спремен во нашите домови, ресторани, се и
шпагетите. Ова јадење е омилено на многу од нас, варијантите во кои се служи
немаат крај. Го има за секој вкус и со се и пред се здрава
храна која може многу лесно да не засити но не надуе.
Ова се долги и цврсти тестенини, составот им е
многу едноставен, се прават од различни видови на брашно и вода. Ова јадење има
голема италијанска традиција. Првата порција била послужена во 19 век која се
состоела од, сварени шпагети полиени со сос од домати и зачини кои можело лесно да се најдат, како каранфилче,
ловоров лист, лук и други. Од тогаш па до ден
денес, ова јадење има претрпено многу варијатни и измени.
Шпагетите можеме да ги сретнеме во било која
кујна, кај и да патуваме ќе видиме дека овој оброк е застапен. Вегетаријанската
кујна изобилува со истиот, може да ги вкусиме со разновидни зеленчуци, тоа може
да е варен или пржен зеленчук, зачинети со вкусни зачини и сосови.
Медитеранската кујна исто така има рецепти, се служат со пикантни сосови и
многу видови на месо. Морската храна има голем
дел од ова јадење, за љубителите на оваа кујна изборот е огромен. Шпагетите
се мешаат со многу видови на морска храна, зеленчук, сосови и зачини.
Како најпознати од цела палета, може да ги
издвоиме болоњезе шпагетите. Состојките се многу едноставни но вкусни, за
подготовка на истите потребно ни е малку мелесно месо, свежи домати, зачини по
избор и вкус. Мислам дека секој од нас ги има пробано истите, како дел од
секојдневниот ручек или вечера. Дали ќе одлучиме дома да си ги подготвиме или
ќе одбереме некој од многуте локали кои ги нуди нашиот град, останува на нас.
No comments:
Post a Comment